• сабота, 27 јули 2024

Сончево и топло до среда, од четврток посвежо

Сончево и топло до среда, од четврток посвежо
Скопје, 16 август 2021 (МИА) – Сончево и многу топло време со мала локална облачност најавуваат синоптичарите за денес. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 21, а максималната од 32 до 39 степени. УВ индексот ќе биде 8. Во Скопје, слично време со минимална температура до 19 степени и максималната  до 38 степени. Топлото време ќе се задржи до среда попладне кога се очекува дестабилизација со локален пороен дожд, грмежи  и умерен до засилен северен ветер. Дневната температура од четврток ќе се намали за неколку степени. свс/бак/

Остани поврзан