• недела, 01 септември 2024

Сончево и потопло со умерена облачност

Сончево и потопло со умерена облачност
Скопје, 16 мај 2021 (МИА) - Времето ќе биде сончево и потопло со умерена облачност. Во западните подрачја ќе има услови за краткотраен локален дожд и ќе дува умерен до повремено засилен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 12, а максималната ќе достигне од 18 до 27 степени. Во Скопје, сончево и потопло со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 25 степени. Од утре ќе преовладува претежно стабилно и потопло време со појава на локален попладневен дожд во северните делови. До среда ќе дува умерен до повремено засилен ветер од западен правец, а во понеделник попладне ќе има појава на локална нестабилност со пороен дожд и појава на грмежи.

Остани поврзан