• сабота, 23 ноември 2024

Сончево и многу топло, попладне наместа со локална нестабилост, пороен дожд и засилен ветер

Сончево и многу топло, попладне наместа со локална нестабилост, пороен дожд и засилен ветер
Скопје, 9 јули 2021 (МИА) – Времето во земјава ќе биде претежно сончево и многу топло, попладне со умерена облачност. Кон крајот на денот наместа ќе има појава на локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утринската температура ќе се движи од 12 до 22, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени. УВ-индексот ќе изнесува 9. Во Скопје, претпладне сончево и многу топло. Преку денот со слаб до умерен северен ветер. Попладне ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд и грмежи проследени со засилен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 19, а дневната ќе достигне до 38 степени. Нестабилно на повеќе места ќе биде во деновите од викендот, кога во попладневните часови на места ќе има и поинтензивни процеси во форма на невреме со појава на град. Температурата во овие два дена ќе биде пониска за неколку степени.

Остани поврзан