• недела, 01 септември 2024

Сончево и малку посвежо со мала до умерена локална облачност

Сончево и малку посвежо со мала до умерена локална облачност
Скопје, 12 август 2021 (МИА) - Времето ќе биде сончево и малку посвежо со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната од 31 до 37 степени. Во Скопје претежно сончево со умерен, попладне повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде 18, а максималната ќе достигне до 35 степени. До сабота ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер.

Остани поврзан