• недела, 28 јули 2024

Сончево со слаб северен ветер

Сончево со слаб северен ветер
Скопје, 15 декември 2020 (МИА) - Времето ќе биде претежно сончево, вдолж Повардарието со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени. Во Скопје претежно сончево со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 10 степени. Следува период на стабилно и суво време. По котлините ќе има појава на утринска магла и ниска облачност, особено во среда кога по одделни котлини ќе се задржат и во текот на денот.

Остани поврзан