• недела, 06 октомври 2024

Сончево со мала до умерена локална облачност

Сончево со мала до умерена локална облачност
Скопје, 7 септември 2022 (МИА) - Времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен и југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 17, а максималната од 24 до 31 степен. УВ=7 Во Скопје, претежно сончево со слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 30 степени. Во следните два дена ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со благ пораст на дневната температура. Во сабота кон крајот на денот и во недела ќе има локална појава на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи.
vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан