• недела, 28 јули 2024

Сончево со мала до умерена локална облачност

Сончево со мала до умерена локална облачност
Скопје, 28 март 2021 (МИА) - Времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 13 до 21 степен. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 18 степени. Следува период на претежно стабилно и потопло време со пораст на температурите. Локални слаби врнежи од дожд се очекуваат во вторник и среда.

Остани поврзан