• недела, 06 октомври 2024

Сончево и топло со мала локална облачност

Сончево и топло со мала локална облачност
Скопје, 12 мај 2022 (МИА) - Времето ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 23 до 28 степени. УВ=8 Во Скопје претежно сончево и топло. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне 29 степени. Во петок времето ќе биде претежно сончево и уште потопло. За време на викендот во попладневните часови облачноста ќе се зголеми и на повеќе места ќе има пороен дожд и грмежи. Особено нестабилно ќе биде во сабота кога процесите локално ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а можна е и појава на град.
vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан