• сабота, 23 ноември 2024

Сончево и топло со мала локална облачност

Сончево и топло со мала локална облачност
Скопје, 14 август 2021 (МИА) - Времето ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Околу пладне и попладне во југоисточните делови од земјава ќе има зголемување на облачноста и услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 22, а максималната ќе достигне од 31 до 39 степени. УВ=8 Во Скопје, сончево и топло со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне 37 степени. Следува период на стабилно и топло време. Особено топло ќе биде во понеделник и вторник кога температурите на места ќе достигнат и 40 степени. Дестабилизирање на времето се очекува од среда кога и температурите постепено ќе бидат во опаѓање.

Остани поврзан