• недела, 01 септември 2024

Сончево и топло со мала до умерена облачност

Сончево и топло со мала до умерена облачност
Скопје, 7 мај 2022 (МИА) - Времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во западните планински подрачја ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 18 до 24 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне 23 степени. За време на викендов ќе преовладува сончево и топло време. Во текот на следната седмица ќе се задржи сончево и топло време, но во попладневните часови, особено во вторник ќе има појава на локален пороен дожд и грмежи.

Остани поврзан