• сабота, 27 јули 2024

Сончево и топло со мала до умерена облачност

Сончево и топло со мала до умерена облачност
Скопје, 17 мај 2022 (МИА) - Времето претпладне сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне, претежно во западните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 23 до 30 степени. УВ=7 Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 29 степени. Потоа во следните два дена ќе има преодно стабилизирање на времето со пораст на температурата. Локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер повторно се очекува во среда.

Остани поврзан