• недела, 06 октомври 2024
Сончево и студено
Скопје, 12 февруари 2021 (МИА) - Времето ќе биде сончево и студено, претпладне во западните делови со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -9 до -1, а максималната ќе достигне од -2 до 6 степени. Во Скопје претежно сончево и студено со умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 2 степени. Под влијание на многу студена воздушна маса следува период на студено време со умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер. Во деновите од викендот ќе биде облачно со врнежи од снег, пообилни во југозападните делови. Насекаде ќе се формира снежна покривка, а на планините ќе се зголеми. Се очекува во југозападните делови и на пониските места таа да изнесува над 20см. Поради ниските температури ќе има појава на голомразица. Температурите ќе се задржат значително под просекот за овој период и во текот на денот ќе бидат негативни. Утринските ќе се спуштаат до -10, а во почетокот на наредната седмица на места и под -15 степени.
vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан