• сабота, 23 ноември 2024

СОНК ќе ги разгледа заклучоците на Владата и ќе се произнесе по нив, дотогаш штрајкот продолжува

СОНК ќе ги разгледа заклучоците на Владата и ќе се произнесе по нив, дотогаш штрајкот продолжува
Скопје, 19 април 2022 (МИА) - Самостојниот синдикат на образованието, науката и културата (СОНК) очекува да ги добие денешните заклучоци на Владата во врска со генералниот штрајк на вработените во детските градинки, основните и средни училишта, по што ќе ги разгледа и ќе се произнесе по нив. Дотогаш, велат од СОНК, штрајкот на вработените во образованието и градинките продолжува.
-Советот на СОНК во текот на утрешниот ден ќе одржи седница на која што детално ќе го проанализираат ставот на Владата и ќе се произнесе по него. Дотогаш, односно додека членовите на СОНК не се произнесат поинаку, штрајкот продолжува, напиша на Фејсбук претседателот на СОНК, Јаким Неделков.
Владината прес-служба денеска соопшти дека Владата на седница ги задолжила министерствата за образование и наука, зa труд и социјална политика и за финансии со ребалансот на Буџетот да предвидат средства за зголемување на платите на вработените во образованието и градинките за 10 проценти. Притоа повикаа СОНК да го прифати ова покачување и, како што посочија, во интерес на децата да продолжи образовниот и згрижувачкиот процес. сст/дма/

Остани поврзан