• недела, 24 ноември 2024

СОНК: Колективните договори за основно и средно образование беа тема на денешната средба со МОН

СОНК: Колективните договори за основно и средно образование беа тема на денешната средба со МОН
Скопје, 11 мај 2022 (МИА) - Тема на оваа средба беа колективните договори за основно и средно образование, а двете страни расправаа по прашања кои треба да бидат составен дел на колективните договори, соопшти Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) на својата фејсбук-страница по денешната двочасовна средба со претставници од МОН, која се одржа во седиштето на СОНК  и во рамки на дополнителните десет дена рок за помирување. - Исто така, се расправаше и за временската рамка за изработка, потпишување и примена на договорите во периодот кој следува. Конечното усогласување помеѓу двете страни во врска со ова прашање, како и други прашања поврзани со процентот на зголемување на платите, се очекува да биде постигнато во петок, 13 мај 2022 година, за кога е закажана и следната средба, наведува СОНК во објавата на Фејсбук. Синдикатот утре ќе има средба со Министерството за труд и социјална политика на која, како што наведуваат од МТСП, ќе биде отворено прашањето за Колективниот договор за предучилишни установи, кој истекува во јуни, како и прашањето за постојното законско решение во делот на исплата на плати. хс/ац/

Остани поврзан