• четврток, 26 декември 2024

„Сони плејстејшн 5“ освои две третини од светскиот пазар

„Сони плејстејшн 5“ освои две третини од светскиот пазар
Лос Анџелес, 21 јануари 2021 (МИА) - Компанијата за анализа на пазарот, „Гејмингсмарт“ во својот извештај објави дека на крајот на декември, скоро две третини од пазарот ѝ припаѓаат на конзолата „Сони плејстејшн 5“. „Сони панасоник“, инаку, продале 4,48 милиони примероци од конзолата, наспроти 2,4-те милиони - од серијата Икс на „Икс-бокс“. Во скоро сите анализирани 167 земји, „Сони“ го надминал „Мајкрософт“ (поточно, во 155 земји). Сепак, „Мајкрософт“ го освои пазарот во САД и Кина. Во Америка односот е 50,18 насто спрема 49,82 насто, а во Кина - 62,27 отсто наспроти 37,73 отсто. си/

Остани поврзан