• недела, 24 ноември 2024

„Сони“ ги избра водечките глумци за четирите филма за „Битлс“

„Сони“ ги избра водечките глумци за четирите филма за „Битлс“

Ливерпул, 7 јyни 2024 (МИА) - Студиото „Сони пикчрс ентертејнмент“ ги одреди глумците за главните улоги во четирите претстојни поеднечни биографски драми за легендарната музичка поп-рок состав „Битлс“. Филмовите се продуцирани од „Сони“ и „Нил стрит продакшнс“.

Сите четири филмa ќе ги режира Сем Мендес, (познат по „Американска убавина“, „Џејмс Бонд 007: Операција Скајфол“, „Спектра“ и воениот „1917“. Секој член на бендот од Ливерпул ќе добие посебен филм. Режисерот открива дека филмовите ќе бидат поврзани и ќе ја раскажуваат истата приказна, но од различни гледишта.

Холивудскиот „инсајдер“ Џеф Снајдер, сѐ уште неофицијално, открива и кој најверојатно ќе ги добие главните улоги за ликовите на легендарната англиска четворка, пишува „Комикбук“.

Харис Дикинсон ќе го глуми Џон Ленон... Младиот глумец од Лондон наскоро ќе се појави во еротскиот трилер „Бејбигрл“, во една од главните улоги покрај Никол Кидман.

Пол Мескал како Пол Макартни... Ирецот годинава ќе го гледаме во „Гладијатор 2“ во режија на Ридли Скот.

Бери Киган ќе го толкува Ринго Стар... Уште еден Ирец. Лани глумеше хит-филмот „Салтбурн“.

Чарли Роу како Џорџ Харисон... Англискиот глумец почнал да глуми на свои шест години. Пред пет години имаше споредна улога во „Рокетмен“ - биографскиот филм за Елтон Џон.  си/

Фото: ИМДБ, Твитер, Википедија

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан