• среда, 27 ноември 2024

Сомнителен пакет пристигна во словенечкото Министерство за надворешни

Сомнителен пакет пристигна во словенечкото Министерство за надворешни
Љубљана, 11 февруари 2020 (МИА) - Сомнителен пакет утрово пристигнал во Министерството за надворешни работи на Словенија. Веднаш е повикана полиција. За каков точно пакет се работи и што има внатре се уште е непознато, јави дописникот на МИА од Љубљана. Веста за пристигнувањето на пакет официјално ја потврдија од Министерството кое го води Миро Церар. Според тоа што може да се види на терен, поголем број полицајци и пожарникари се распоредени во непосредна близина на објектот, а можат да се забележат и службени лица облечени во заштитни униформи со боци за кислород. Полицијата најави повеќе информации во текот на денот. ав/ми/

Остани поврзан