• недела, 06 октомври 2024

Солскjер по тирумфот над Норвич: Ове е тоа што го очекувам од мојот тим

Солскjер по тирумфот над Норвич: Ове е тоа што го очекувам од мојот тим
Манчестер, 11 јануари 2020 (МИА) – Тренерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер беше презадоволен од изданието на неговиот тим на денешниот дуел со Норвич. Јунајтед победи со убедливи 4:0. - Јас сум многу задоволен. Го започнавме натпреварот како што треба. Ова е тоа што го очекувам од мојот тим. Во секој натпревар, мора да користите притисок и доминација. Второто полувреме од овој аспект беше многу добро, изјави Норвежанецот. Рашфорд направи фантастична работа. Се бореше многу, играше добро и остана смирен. Сите покажавме дека можеме да отскокнеме и направивме неколку чекори напред, додаде Солскјер. Манчестер јунајтед по 22.коло се наоѓа на 5. место со 34 бода. зс/
vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан