• среда, 25 декември 2024

Соланке се враќа во составот на Тотенхем за дербито на Арсенал

Соланке се враќа во составот на Тотенхем за дербито на Арсенал

Лондон, 14 септември 2024 (МИА) - Новиот напаѓач на Тотенхем, Доминик Соланке се врати на тренинзите и треба да биде достапен за неделното дерби од северен Лондон против Арсенал во Премиер лигата, изјави менаџерот на „петлите“, Анже Постекоглу.

Соланке се пресели од Бурнмаут во Тотенхем за 65 милиони фунти, но откако дебитираше против Лестер, ги пропушти следните два натпревари поради повреда на зглобот.

Постекоглу повторно ќе го има на располагање и дефанзивецот Мики ван де Вен, кој исто така имаше проблеми со повреди.

-Мики е добро, тој тренираше целосно за време на репрезентативната пауза. Соланке се врати со првиот тим. Тој тренираше, имаме уште еден тренинг, ако се покажат добро, претпоставувам дека ќе бидат достапни, изјави Постекоглу за медиумите.

Тотенхем имаше несигурен почеток на сезоната, освојувајќи 4 бода од можни девет. На овие три средби, тие имаа вкупно 48 удари кон голот.

-Мораме да останеме доследни на нашиот пристап. Доминиравме на сите три натпревари досега. Мораме да го продолжиме овој настап на 38 натпревари, резултатите не се лоши. Мораме да останеме фокусирани на важните елементи од нашата игра, додаде Постекоглу, кој ја бара својата прва победа во дербито на Северен Лондон. дс

Фото: Архива

Остани поврзан