• сабота, 23 ноември 2024

Совет на Европа со осуда за „репресијата“ врз невладините организации кои им помагаат на мигрантите

Совет на Европа со осуда за „репресијата“ врз невладините организации кои им помагаат на мигрантите

Брисел, 22 февруари 2024 (МИА) - Комесарката за човекови права при Советот на Европа Дуња Мијатовиќ ги повика земјите-членки да ја запрат „репресијата“ врз невладините организации и луѓето кои ги штитат правата на мигрантите.

Во извештајот со препораки објавен денеска, Мијатовиќ истакна дека има „растечки тренд на притисок, заплашување и криминализирање на луѓето и организациите кои им помагаат на бегалците, барателите на азил и мигрантите“.

Во текот на нејзиниот шестгодишен мандат, кој завршува на крајот на март, еврокомесарката постојано го осудуваше притисокот врз невладините организации кои им помагаат на мигрантите во Европа и ограничувањата на нивната работа.

Таа денеска укажа и на конкретни ситуации, како што е италијанската „криминализација“ на невладините организации кои спасуваат мигранти во Средоземното Море. Таа, исто така, го осуди „непријателското опкружување“ во кое работат бранителите на основните права во Грција.

Мијатовиќ го критикуваше и туркањето на бегалците и мигрантите од европските граници.

Во својот извештај, комесарката „ги повикува земјите-членки на Советот на Европа да направат се што е можно за да го сменат трендот на репресија“. ссм/

фото: архива

Остани поврзан