• вторник, 24 декември 2024

Совет на амбасадори: Сомнителните постапки на државни институции ги уриваат угледот на државата и довербата кај стратешките партнери

Совет на амбасадори: Сомнителните постапки на државни институции ги уриваат угледот на државата и довербата кај стратешките партнери
Скопје, 21 ноември 2022 (МИА) - Советот на амбасадори денеска преку соопштение изрази, како што се посочува, „изненаденост и загриженост што одреден вид неприфатливи дејствија на непотизам, партиско влијание и небрежност“, како што овие денови објавуваат медиумите од реакциите на дипломатските претставништва акредитирани во земјата, доаѓаат од важни државни институции и органи на државна управа како што се М-НАВ, Совет на јавни обвинители и посебно АНБ. Советот, се наведува во соопштението, посебно е загрижен од најновите информации за големиот пропуст на неколку владини институции во врска со издавањето македонско државјанство на украинскиот олигарх Олександр Онишченко, државјанин на Украина кој се наоѓа на црната листа на нашиот стратешки партнер САД, а за кого била објавена потерница од Украина, земја која ја ужива нашата воена и друга поддршка за ослободување, поради криминални, финансиски и други противзаконски дејствија. Овој вид небрежност и површно разгледување на барањето за државјанство, се додава, е во спротивност со познатите НАТО и ЕУ критериуми. - Нашата загриженост е дека се работи за сомнителни и неприфатливи постапки на државни институции кои го уриваат авторитетот на државата на меѓународен план и ја разнишуваат довербата кај нашите стратешки партнери САД и ЕУ, кои со децении вложуваат значајни финансиски средства во зајакнувањето на институциите надлежни за борбата против корупцијата, организираниот криминал, непотизмот и партизацијата, се наведува во соопштението. Што се однесува до украинскиот олигарх Онишченко, Советот ги подржува ставовите на претседателот Стево Пендаровски и премиерот Димитар Ковачевски државните институции да преземат итни чекори во обелоденувањето на овие неприфатливи дејствија и сторителите да се соочат не само со морална, туку и законска одговорност (доколку ја има), бидејќи го уриваат угледот на нашата држава и им наштетуваат на евроинтеграциските процеси, се наведува во соопштението од Извршниот Одбор на Советот на амбасадори. вг/сп/

Остани поврзан