• среда, 27 ноември 2024

Совет на амбасадори: Зафир Хаџиманов беше еден од најсјајните брендови на македонската култура и музика

Совет на амбасадори: Зафир Хаџиманов беше еден од најсјајните брендови на македонската култура и музика
Скопје, 28 март 2021 Советот на амбасадори со голема тага ја прими веста за смртта на Зафир Хаџиманов кој беше еден од најсјајните брендови на македонската култура и музика. Блескаше на естрадите со препознатливиот стил и талент, каде и да се појавеше, во Македонија, Србија, Хрватска, секаде низ регионот и пошироко. Советот на амбасадори со гордост го познаваше и како културен амбасадор на нашата земја и го почитуваше како сјаен претставник на македонската култура, кој што ги промовираше нашите културни вредности особено и преку неговите квалитети како писател кој твореше и размислуваше на два јазика ,на мајчниот македонски и на неговиот извонреден српски јазик. Советот го дел сеопштото мислење дека со неговото заминување од културната и естрадната сцена, останува празнина во ризницата на македонската култура, како и во нашите срца! Извршен одбор на Советот на амбасдори __________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Остани поврзан