• сабота, 16 ноември 2024

Совет на амбасадори: Внимателно ја следиме состојбата на Блискиот Исток

Совет на амбасадори: Внимателно ја следиме состојбата на Блискиот Исток

Скопје, 14 април 2024  (МИА) - Советот на амбасадори денеска преку соопштение информира дека внимателно ја следи состојбата на Блискиот Исток во поглед на војната меѓу Хамас и Израел и настаните кои следеа по нападот на Хамас, постојаните напади на израелската армија на цели во територијата на Газа и меѓународните импликации кои ги предизвикаа овие воени акции. 

Од сето ова, како што наведуваат, најмногу страдаат невини граѓани, семејства и деца, економијата и мирот во регионот, но и во целиот свет, кои, ако се додаде и војната меѓу Руската Федерација и Украина се закануваат да преминат во поширок конфликт, којшто може да излезе наполно од контрола

- Советот на амбасадори го поддржува Министерство за надворешни работи на МК за акциите што ги презема за заштита и организацијата за враќање на македонските граѓани од кризните територии и смета дека сите релевантни политички партии и учесници во политичките кампањи во претстојните претседателски и парламентарни избори треба во поглед на грижата за граѓаните на МК и преземањето на конкретни акции во вакви и слични ситуации да ги усогласуваат ставовите соодветно донесените одлуки во Собранието и обврските кои произлегуваат од членството во НАТО и продолжување на преговорите за полноправно членство во ЕУ, се вели во соопштението од Извршниот одбор на Советот на амбасадори.

Советот на амбасадори ја поздравува согласноста за итна седница на Советот на безбедност на Обединетите нации за разгледување на состојбата и заземање ставови во полза на мирот, што значи во полза на дипломатско наоѓање начин за излез од кризната состојба. свс/мд/

Фото: МИА архива 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан