• недела, 27 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Советот на јавните обвинители утре ќе избира 47 обвинители

Советот на јавните обвинители утре ќе избира 47 обвинители

Скопје, 6 март 2025 (МИА) - Избор на вкупно четириесет и седум обвинители во осумнаесет јавни обвинителства е на дневниот ред од 20. седница на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија што ќе се одржи утре со почеток во 10:30 часот.

Најмногу, односно 14 јавни обвинители, треба да се изберат во Основното јавно обвинителство Скопје.

Во Основните јавни обвинителства во Велес, Делчево, Кочани, Крива Паланка, Радовиш, Ресен и Струга ќе се избира по еден јавен обвинител.

По двајца јавни обвинители ќе се избираат во Основните јавни обвинителства во Битола, Гевгелија, Гостивар, Кичево и Струмица. 

Во Основните јавни обвинителства во Куманово, Охрид, Прилеп и Штип ќе се избираат по тројца јавни обвинители.

За Основното јавно обвинителство Тетово треба да бидат избрани четворица обвинители.ар/са/

Фото: МИА 

 

Остани поврзан