• недела, 22 декември 2024

Советот на општина Шуто Оризари одржа комеморативна седница по повод смртта на Амди Бајрам

Советот на општина Шуто Оризари одржа комеморативна седница по повод смртта на Амди Бајрам
Скопје, 25 октомври 2020 (МИА) - Советот на општина Шуто Оризари денеска одржа комеморативна седница по повод ненадејната смрт на поранешниот пратеник и претседател на политичката партија „Сојуз на Ромите“ Амди Бајрам. На седницата, како што соопштија од Општината, се оддаде почит со едноминутно молчење, и се говореше за придонесот на Бајрам за развој на Ромската заедница во Република Северна Македонија. Градоначалникот на општина Шуто Оризари Курто Дудуш го истакнал значењето на придонесот на Бајрам во зачнување на идејата за основање на општината, вклучително и во реализација на идејата во 1997 година. - Денес, резултатите од неговата долгогодишна присутност во политиката како застапувач на Ромското прашање се видливи во сите општини во државата каде живеат Роми, во сите сфери - вработување, домување, образование, инфраструктура. Покрај покојниот Абди Фаик, додаваат од Општината и Амди Бајрам ќе биде исто така запаметен во историјата на Ромите во земјава, како прави борци кои работат во зајакнување на положбата на Ромите и зајакнување на еманципацијата на Ромите. - Советот на општина Шуто Оризари, во знак на благодарност и сеќавање на делата на Амди Бајрам денешниот ден - 25 октомври 2020 година го прогласува за Ден на жалост, се вели во соопштението. мс/ац/

Остани поврзан