• четврток, 26 декември 2024

Советот на општина Тетово ја одржа 50. седница, последна во овој состав

Советот на општина Тетово ја одржа 50. седница, последна во овој состав
Тетово, 30 септември 2021 (МИА) - Со јубилејна 50-та седница заврши мандатот на досегашниот Совет на Општина Тетово од 2017 година досега.  Советот во текот на сите четири години како претседател го водеше Беким Мемети од ДУИ. -Во текот на работата на Советот на Општина Тетово во период од 2017 до 2021 година донесени се 1790 одлуки и 149 заклучоци, а усвоено се четири буџети и шест ребаланси. Ова е последна 50-та седница, но до локалните избори ако има потреба може да биде свикана уште една, изјави претседателот Беким Мемети. Дел од одлуките кои денес ги донесоа советниците беа годишни планови за вработувања во Општина Тетово и ЈП „Градски паркинг“. За општина Тетово годишниот план за вработување предвидува 46 вработување во тековната година и четири пензионирања. Планирани се 23 нови вработувања во следната година. За ЈП „Градски паркинг“ предвидени се три вработувања во тековната година и едно за наредната 2022 година. Со новите вработувањата за двете години предвидено е да има вкупно 397 вработени во Општина Тетово. -Се усвои Предлог годишен план за вработување во Општина Тетово и ЈП „Градски паркинг“ за 2022 , затоа што се знае дека последниот ден кога треба да се пратат годишните планови до Владата е 30 септември. Тоа е законски одредено и ние го изгласавме. Тука нема ништо политички сите општини ги гласале овие планови, информираше Мемети. Советот усвои одлука со која се прифати донација на приватна компанија која ќе гради една четвртина од улица во населбата Деребој. ас/аа/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан