• сабота, 23 ноември 2024

Советот на ЕУ ги усогласи препораките за земјите членки за следните пет години 

Советот на ЕУ ги усогласи препораките за земјите членки за следните пет години 

Брисел, 16 јули 2024 (МИА) - Советот на ЕУ соопшти дека ги усогласил своите препораки специфични за секоја земја членка на Унијата за економските, социјалните, трудовите, структурните и буџетските политики за периодот од новиот мандат на европските институции во следните пет години. 

Усвојувањето на препораките е дел од процесот што треба да им овозможува на земјите членки на ЕУ да ги координираат своите економски, фискални и политики за вработување. 

Согласно новите правила на ЕУ, што се во сила од 30 април годинава, земјите членки треба да подготват среднорочни фискални структурни планови во кои ќе бидат утврдени нивните трошоци и приоритетни реформи и инвестиции. 

Препораките даваат насоки за реформите и инвестициските обврски секоја земја членка и се повикуваат да ги вклучат во своите планови за фискално прилагодување за период од четири до седум години.  

За овие препораки предвидено е да се расправа на заседанието на Европскиот совет во октомври. По ова Советот на ЕУ ќе може да продолжи со формално усвојување на препораките. сп/

Фото: МИА Архива

 

Остани поврзан