• вторник, 24 декември 2024

Советот на Европа ги повика државите да ги засилат напорите за да се осигура безбедноста на децата

Советот на Европа ги повика државите да ги засилат напорите за да се осигура безбедноста на децата
Стразбур, 18 ноември 2021 година (МИА) – Советот на Европа денеска ги повика државите да ги интензивираат напорите за осигурување безбедност на децата, особено кога станува збор за луѓе од нивната блиска околина на кои им веруваат. По повод Европскиот ден за заштита на децата од сексуална експлоатација и сексуална злоупотреба, генералниот секретар на Советот на Европа Марија Пејчиновиќ Буриќ предупреди дека за децата „ризикот од сексуална злоупотреба не доаѓа секогаш однадвор, туку најмногу од луѓето на кои им веруваат. “, соопшти Советот на Европа. „Државите мора да направат се што можат за да осигураат местата каде што децата го поминуваат својот живот да бидат побезбедни за нив, без разлика дали тоа е дом, училиште, спортски објекти или места за забава. Внимателна контрола на луѓето кои работат со деца, образованието на децата и родителите за ризиците од сексуална злоупотреба, обука на професионалци за тоа како да се открие злоупотреба, се само дел од многуте начини за спречување на сексуалната злоупотреба“, рече Пејчиновиќ Буриќ. Конвенцијата на Советот на Европа за заштита на децата од сексуална експлоатација и сексуална злоупотреба (Конвенција Ланзарот), обврзувачка за сите земји-членки на организацијата, ја препознава како сексуална злоупотреба ситуацијата во која возрасен е вклучен во сексуални активности со дете користејќи признати позиција на доверба, авторитет или влијание и ако детето наполнило возраст за сексуална согласност според националното законодавство, пренесува Бета. Комитетот Ланзарот, телото кое го следи спроведувањето на Конвенцијата, препорачува националното законодавство да ги опфати сите случаи на злоупотреба на доверба, овластување или влијание и дека треба експлицитно да го дефинираат таканаречениот „круг на доверба“. Злоставувачите во таканаречениот „круг на доверба“ можат да бидат родители или лица кои се грижат за деца, членови на поширокото семејство, наставници и други вработени во училиштето, спортски тренери, верски и здравствени работници, но и пријатели на децата, се наведува во соопштението. ссм/

Остани поврзан