• вторник, 24 декември 2024

Советот на Град Скопје одржа вонредна седница, советниците од ВМРО-ДПМНЕ ја оспорија оправданоста

Советот на Град Скопје одржа вонредна седница, советниците од ВМРО-ДПМНЕ ја оспорија оправданоста

Скопје, 17 јануари 2024 (МИА) - Советот на Град Скопје денеска одржа вонредна седница, на која од 13. предложени точки на дневниот ред разгледани беа три, но не беа усвоени поради недоволен број гласови. По работа од час и половина, претседателот на Советот Трајко Славески ја прекина седницата и најави дека дополнително ќе биде закажана.  

Не беа донесени Предлог одлуката за одржување и сервис на сите возила сопственост на Град Скопје во Јавното сообраќајно претпријатие Скопје (ЈСП) - Скопје и Автосообраќајниот училишен центар „Боро Петрушевски“ - Скопје,  Предлог одлуката за изменување на одлуката за комунален ред  во градот Скопје и Предлог програмата за активности од областа на локалниот економски развој на Град Скопје за 2024 година. 

-Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ не гласаше за оправданоста на вонредната седница и не учествуваше во работата на седницата, а истовремено во првиот час немавме овластен претставник, градоначалникот или секретарот на град Скопје. По неколку паузи дојде градоначалничката и Советот продолжи со работа, со минималниот потребен број членови за кворум. За да се изгласаат точките потребни се најмалку 23 гласа, што не беше обезбедено за првите три точки и не беа усвоени, изјави Славески за МИА. 

По завршување по работата за третата точка,  дополни Славески, градоначалничката Арсовска и неколку советници не беа присутни во салата и морав да ја прекинам седница бидејќи немаше овластен претставник, градоначалничката не кажа дали ќе се врати, а и некои советници најавија дека неодложно ќе мора да заминат. 

На дневен ред на седницата, меѓу останатото, се  предлог програмите за 2024 година за планирање и уредување на градежното земјиште, за активности од областа на заштитата на животната средина, за одржување на јавната чистота, подигање и одржување на зеленилото, спроведување на превентивна дезинсекција и укасување на градот Скопје со знамиња по повод државни празници и други прилики... Исто така и Предлог планот за енергетска ефиканост за 2024 година, предлог одлуки за давање согласност на одлуките за утврдување на висината на вредноста на бодот за пресметување на платите на вработените во ЈП „Градски паркинг“, во ЈСП Скопје...

Според Славески, неколку предлог програми за 2024 години што се реализираат од Буџетот на Град Скопје, по правило се носат на денот на гласањето на Буџетот, ги ставиле на дневен ред и тоа било проблематизирано од повеќе советници за да, како што рече, не се воспостави практика на барање на градоначалник да се свикуваат вонредни седници неоправдано. 

Буџет на Град Скопје за 2024 година беше донесен на седница на 27. минатиот месец, со 25 гласа „за“, еден „против“ и двајца „воздржани“. лв/ев/

фото: Принт скрин

 

 

Остани поврзан