• среда, 25 декември 2024

Советот за човекови права на ОН повика на прекин на извозот на оружје во Израел

Советот за човекови права на ОН повика на прекин на извозот на оружје во Израел

Женева, 5 април 2024 (МИА) - Советот за човекови права на Обединетите нации денеска повика на прекин на извозот на оружје за Израел во резолуција во која не се споменува палестинската милитантна организација Хамас и нејзиниот напад врз земјата минатата есен, јави ДПА.

Чекорот е неопходен за „спречување на понатамошни прекршувања на меѓународното хуманитарно право и кршење и злоупотреба на човековите права“, се вели во текстот усвоен од телото во Женева.

-Германија беше една од шесте земји кои гласаа против резолуцијата, која покрај тоа што не го споменува Хамас, му го ускратува правото на Израел на самоодбрана и содржи предрасуди против Израел, тврди германската амбасадорка Катарина Сташ.

Во изјавата до Советот, Сташ истакна дека Израел мора да го заштити палестинското цивилно население во борбата против Хамас и да дозволи испорака на помош. Овие прашања беа опфатени и во резолуцијата.

Резолуцијата беше поддржана од 28 земји, меѓу кои Белгија, Финска и Луксембург. 13 земји се воздржаа од гласање, вклучително и Франција и Холандија.

Израелскиот амбасадор Меирав Ејлон Шахар остро ја осуди резолуцијата, во која се испушта какво било повикување на нападот на Хамас од 7 октомври.

-Колку мртви Израелци ќе бидат потребни за да се осуди Хамас?, праша дипломатот во рамките на советот.

Резолуцијата исто така не вклучува повик за забрана за испорака на оружје за Хамас, додава ДПА. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан