• сабота, 23 ноември 2024

Советот за превенција на Струмица бара да не се узурпираат тротоарите при градежни активности

Советот за превенција на Струмица бара да не се узурпираат тротоарите при градежни активности

Струмица, 30 октомври 2024 (МИА) - Локалниот совет за превенција на денешната седница донесе повеќе заклучоци за надминување на проблемот со узурпирањето на тротоарите во населбата „Карпош“, кои се зафатени од градежни компании и не им овозможуваат на пешаците да се движат по нив. Во однос на аеро загадувањето побарано е Општина Струмица да склучи договор со акредитирана лабараторија која ќе ги испита пријавите од инспекциските служби за степенот на загадувањето што го предизвкуваат граѓаните или правните лица кои користат несоодветен огревен материјал.

Според Ѓорги Аризанов, секретар на Локалниот совет за превенција, на денешната седница е договорено да се засилат контролите од страна на МВР за да не може да се узурпираат тротоарите од страна на градежните компнании кои изведуваат работи во населбата „Карпош“, а една пешачка патека постојано да биде слободна за движење на пешаците, посебно на учениците.

-Ќе зачестат и контролите од општинските инспекциски служби, а комуналното претпријатие да учествува во расчистувањето на сметот во оваа населба, рече Аризанов.

На денешната седница на Локалниот совет за превенција беше презентирано истражувањето на Лабараторријата „Амбикон“ во рамки на Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип за утврдување на главните извори за загадување во Струмица. Како што беше кажано и неодамна на Форумската сесија за справување со загадувањето на воздухот во Струмица, главни извори на загадувањето во Струмица се затоплувањето на дрва, односно користење несоодветен огревен материјал и загадувањето од автомобилите.

Локалниот совет за превенција донесе заклучок Општината да ангажира акредитирана лабаторија, односно да направи догоовор со истата за да може кога ќе се констатира загадување, инспекцијата да земе примерок од тоа што се користи за затоплување, а лабараторијата тоа.

Од страна на претставници на Општина Струмица беше истакнато дека се работи на решавање на проблемот со ангажирање на акредитирана лабараторија и се очекува наскоро овој проблем да биде решен. рт/сст/

Фото: МИА

Остани поврзан