• вторник, 24 декември 2024

Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Улиците во Скопје треба да бидат обележје не само за едно време, туку и за еден град и народ

Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Улиците во Скопје треба да бидат обележје не само за едно време, туку и за еден град и народ
 Скопје, 19 февруари 2021 Петре Шилегов од Скопје е на пат да направи коминтерновска паланка. Сите комунистички и авторитарни ликови од 20-тиот век ќе добијат имиња на улици во Скопје. Улиците во Скопје треба да бидат обележје не само за едно време, туку и за еден град и народ, а Шилегов е на пат тоа да го избрише. Имињата на Митрополит Теодосиј Гологанов и Васил Чакаларов се спорни за Шилегов, ама не е спорно тоа што во Скопје ќе имаме имиња на улици по градови и држави кои му се страни на градот. Шилегов барајќи некој комунистички дух на Скопје заглави во длабок авторитаризам па ќе имаме Октомвриска револуција и Бихакќа, а немаме Павел Шатев. Шилегов тоа што се обидува да лови на некој сентимент целосно промашува. Душата на градот не е ниту Троцки ниту Комаров. Шилегов требаше да одвои време за нови проекти, а не на менување имиња.   Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан