• сабота, 23 ноември 2024

Советниците на Карбинци донесоа одлука за локацијата каде треба да се уништат 9.000 свињи поради африканска чума

Советниците на Карбинци донесоа одлука за локацијата каде треба да се уништат 9.000 свињи поради африканска чума

Карбинци, 2 септември 2023 (МИА) - Мнозинството советници во Советот на Општина Карбинци на вчерашната вонредна седница одлучиле на приватната свињарска фарма во која треба да се уништат околу 9.000 свињи по појавата на болеста „африканска чума“ да и се дозволи да прави јама во атарот на селото Горно Трогерци, каде што во радиус од еден километар нема објекти.

Градоначалникот на Општина Карбинци, Виктор Паунов за МИА вели дека вчера го добиле писмениот допис од Агенцијата за храна и ветеринарство во кој се бара под итно да се одреди локација за копање на јами за свињите, кои мора да се еутанизираат, со цел да не се шири болеста.

Паунов додава дека денеска го чекаат одговорот од АХВ и од надлежните инспектори за одобрената локација од страна на Советот на Општина Карбинци.

Пред два дена жителите на селата Таринци и Нов Карорман протестираа и не дозволија градежните машини да ископат јама за уништување на свињите меѓу двете села, стравувајќи дека ова ќе значи еколошка катастрофа, загадување на подземните води и ќе штети на нивното здравје. вдј/бак/

Фото: МИА  

Остани поврзан