• понеделник, 23 декември 2024

Советник на Бајден предупредува на можни непредвидени конфликти на Блискиот Исток

Советник на Бајден предупредува на можни непредвидени конфликти на Блискиот Исток

Вашингтон, 14 август 2024 (МИА) - Висшиот советник на претседателот на САД Џо Бајден, Амос Хохштајн, денеска во Бејрут изјави дека е клучно да се искористи можноста за дипломатска акција за да се стави крај на војната меѓу Израел и Хамас во Газа, како и на непријателствата долж либанско-израелската граница.

По состанокот со претседателот на Либанскиот парламент, Набих Бери, Хохштајн изрази загриженост дека ескалацијата може да излезе од контрола

- Колку повеќе време минува во зголемени тензии, колку повеќе време минува во секојдневни конфликти, толку се поголеми шансите за несреќи, грешки, цели да бидат ненамерно погодени...што лесно може да предизвика ескалација што излегува од контрола, рече Хохштајн.

Американскиот претставник додаде дека постигнувањето на договор за прекин на огнот во Газа, што го предложи Бајден, би можело да помогне во смирувањето на непријателствата во Либан и други делови од регионот. ссм/

фото: архива

Остани поврзан