• недела, 24 ноември 2024

Советникот на Бајден ќе го посети Израел за да помогне да се избегне ескалација

Советникот на Бајден ќе го посети Израел за да помогне да се избегне ескалација

Вашингтон, 17 јуни 2024 (МИА) - Високиот советник на американскиот претседател Џо Бајден, Амос Хохштајн, денеска ќе го посети Израел на средби со цел да се избегне понатамошна ескалација долж границата со Либан.

Хохштајн ќе ги поддржи напорите да се избегне понатамошна ескалација по „сината линија“ меѓу Израел и Либан, изјави американски официјален претставник кој сакаше да остане анонимен.

Судирите меѓу Израел и борците на Хезболах поддржани од Иран во Либан доведоа до тензии од продлабочување на конфликтот низ Блискиот исток. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан