Советникот на ајатолахот Хамнеи: Израелските амбасади ширум светот повеќе нема да се чувствуваат безбедно
- Висок ирански функционер денеска изјави дека ниту една израелска амбасада во светот повеќе нема да се чувствува безбедна, јавија иранските медиуми, пренесе БТА.
![Советникот на ајатолахот Хамнеи: Израелските амбасади ширум светот повеќе нема да се чувствуваат безбедно](https://new.mia.mk/index.php/images/20240407133819_big_730x400_57.webp )
Техеран, 7 април 2024 (МИА) - Висок ирански функционер денеска изјави дека ниту една израелска амбасада во светот повеќе нема да се чувствува безбедна, јавија иранските медиуми, пренесе БТА.
Јахја Рахим Сафави, кој е советник на иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи, ги даде коментарите по наводниот израелски напад врз иранскиот конзулат во Дамаск на 1 април, за што Техеран вети дека ќе возврати. мс/
фото: МИА архива