• четврток, 26 декември 2024

Совети за родители и палави и разгалени деца

Совети за родители и палави и разгалени деца
Лос Анџелес, 14 јануари 2022 (МИА) - Велат, „нечие однесување доаѓа од дома“, но многумина ќе се сложат оти и покрај огромниот напор, некои родители едноставно не можат да ги воспитаат своите деца во вистинската насока. Следат неколку совети за родители и нивните палави и разгалени деца За правилно воспитување на детето, клучни се неколку фактори, а тука е, на пр. и поставувањето јасни граници. Детето мора да си го знае местото и да стекне некои навики. Ако правите за него сѐ што ќе посака, така ќе му биде полесно сега, но потешко - подоцна, пишува страницата „Very Well Family“. Односно, така не му правите услуга ни на своето дете, ниту себеси. Според тоа, сосем е в ред да им се даваат задачи на децата, но и да си добијат одредена казна доколку не го почитуваат тоа што родителот го кажал. Децата треба да научат да ги поднесуваат последиците од нивното однесување. Многу психолози веруваат дека казнувањето е составен дел од образованието, а една од најголемите грешки е исполнувањето на секоја желба на детето. Не мора да му купувате сѐ што тоа ќе покаже со прст. Нека види дека не може да добие сѐ што ќе посака. Натаму, за што поефикасно воспитание, мора да има целосна согласност меѓу двајцата родители. Ако едниот родител одреди казна, а другиот прави сѐ за да ја прекрши таа казна за да му се доближи до детето, тоа ќе знае како да ја злоупотреби таа слабост, се вели во написот.  си/ссм/

Остани поврзан