• среда, 25 март 2026

Советите на Ќустендил и Крива Паланка одржаа заедничка седница

Советите на Ќустендил и Крива Паланка одржаа заедничка седница

Крива Паланка, 12 март 2026 (МИА) - Советот на Општина Крива Паланка и Советот на Ќустендил денеска во Ќустендил, Република Бугарија, одржаа работна средба, заедничка седница, за која од општината Крива Паланка велат е почеток на силно партнерство.

- Искрено се радувам на оваа соработка и сум горд што од двете страни беше покажана силна посветеност за зацврстување на односите и партнерството меѓу нашите општини. На средбата разговаравме за можностите за потпишување меморандум за соработка, како и за започнување иницијатива за збратимување, што претставува значаен чекор кон унапредување на добрососедските односи, довербата и заедничката добробит на граѓаните од двете општини. Се радувам што средбата помина во исклучително топла и пријателска атмосфера, а особено сакам да се заблагодарам за срдечното гостопримство на мојот драг колега Огњан Атанасов и неговиот тим, рече градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски.

Потенцира дека со ваквите средби се зацврстуваат пријателството, довербата и партнерството меѓу двете општини, во интерес на граѓаните.ид/са/

Фото: Општина Крива Паланка

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан