• петок, 27 декември 2024

Собјанин: Понеделник ќе остане неработен ден за Московјани и покрај прекинот на бунтот на „вагнеровци“

Собјанин: Понеделник ќе остане неработен ден за Московјани и покрај прекинот на бунтот на „вагнеровци“

Москва, 25 јуни 2023 (МИА)  - Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, изјави дека понеделник ќе остане неработен ден за жителите на руската престолнина, иако е завршен вооружениот бунт на платениците на од групата „Вагнер“ и пресметките на главниот пат кон градот.

Поради саботниот бунт на руската платеничка армија „Вагнер“ и нивниот поход кон Москва , Собјанин од безбедносни причини понеделник го прогласи за слободен ден за повеќето луѓе во Москва и од нив побара да останат во домовите.

Одлуката беше донесена додека силите на Вагнер напредуваа во конвој кон Москва во мисија да го соборат руското воено раководство.

Во Москва се поставени контролни пунктови и затворени се улиците и пристапните патишта кон градот.

Бунтот беше драматичен, но краткотраен, а Пригожин се повлече откако постигна договор со Кремљ, со кој се пресели во Белорусија, во замена Москва да се откаже од неговото кривично гонење. сд/

Остани поврзан