• четврток, 26 декември 2024

Собрани 65 крвни единици во првата годинашна акција за крводарување во Велес

Собрани 65 крвни единици во првата годинашна акција за крводарување во Велес

Велес, 20 јануари 2021 (МИА) - Во денешната акција за доброволно дарување на крв прва во 2021 година што ја организира Општинскиот Црвен крст Велес во соработка со Институтот за трансфузиона медицина од Скопје собрани со 65 крвни единици, со што акцијата е успешна, информира за МИА, Орце Николов секретар на ООЦК Велес.

Од крводарителите 16 биле жени, а 49 мажи. Четворица првпат дарувале крв и станале дел од Друштвото на хуманите.

Крводарителите при ООЦК Велес во кој се вклучени крводарителите од трите општини Велес, Градско и Чашка се на второто место за крводарување во земјава за 2020 година. Само за еден процент помалку од крводарителите на ООЦК од Виница.

-Лани во Велес биле изведени 18 акции за доброволно дарување на крв, меѓу кои неколку беа вонредни поради состојбата со Ковид-19. Но и покрај пандемијата велешани и во оваа тешка година потврдија дека и понатаму се меѓу најхуманите во земјава, и со години се први или меѓу првите три на табелата по крводарителство во земјава, потенцира Николов.ад/бт/

Остани поврзан