• среда, 18 декември 2024

Собраниска делегација предводена од Гаши во работна посета на Париз

Собраниска делегација предводена од Гаши во работна посета на Париз

Скопје, 17 декември 2024 (МИА) - Делегација предводена од претседателот на Собранието, Африм Гаши од денеска до 19 декември ќе престојува во работна посета на Париз. Како што информира собраниската прес-служба, посетата примарно се организира заради динамизирање на билатералната соработка на сите нивоа, како и за продолжување на тековната парламентарна соработка во доменот на прашања поврзани со евроинтегратискиот процес на Република Северна Македонија и улогата на Собранието во тој процес.

Во рамки на посетата, предвидени се средби со претседателката на Националното собрание, Јaел Брон Пиве, со претседателот на Комисијата за надворешни работи, Бруно Фукс, со претседателот на Сенатот, Жерар Ларше, со претседателката на Групата за пријателство Франција - Западен Балкан, Марта де Сидрак и потпретседателот Арно Базен, како и со високи владини претставници на Француската Република. мч/лв/

фото: МИА архива

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан