• среда, 27 ноември 2024

Собранието ќе расправа за избор на Пенов за министер за локална самоуправа

Собранието ќе расправа за избор на Пенов за министер за локална самоуправа
Скопје, 24 октомври 2022 (МИА) - Собранието денеска се очекува да отвори дебата за предлогот Ристо Пенов да биде нов министер за локална самоуправа, откако неговиот сопартијец и претходник Горан Милевски поднесе оставка на функцијата од лични причини. Изборот на Пенов е на дневен ред на продолжението на 88. седница, на која денеска се најавува и присуство на премиерот Димитар Ковачевски. Пенов е поранешен пратеник и градоначалник на Скопје. Еден од основачите на Либерално-демократската партија и нејзин поранешен претседател. Магистрирал на Правниот факултет во Скопје, а дипломирал на Економскиот факултет. На дневен ред на 88. пленарна седница е изборот на уставни судии за што дебатата заврши и треба само да се гласа за, како што побара претседателката на Комисијата за прашања на изборите на именувањата Марија Георгиевска со допис до претседателот на Собранието Талат Џафери, Фатмир Скендер и Татјана Васиќ Бозаџиева. За останатите седуммина кандидати дебатата и изјаснувањето во Комисијата не е завршено. Со седницата ќе претседава потпретседателот Горан Мисовски, поради тоа што Џафери на конференција во Загреб треба да го прими одликувањето што со указ му беше доделено од украинскиот претседател Володимир Зеленски и да има свое обраќање. На дневен ред на 88. седница се и законите поврзани со мерките за справување со енергетската криза, како и измените на законот за здруженија и за политичките партии и друго. ев/нд/

Остани поврзан