• среда, 27 ноември 2024

Собранието ја почна расправата за разрешување на заменик-министрите, седницата продолжува утре 

Собранието ја почна расправата за разрешување на заменик-министрите, седницата продолжува утре 

Скопје, 27 февруари 2023 (МИА) - Реконструкцијата на Владата не е мотивирана од имиња и презимиња, од теснопартиски интереси, ниту од лични политички мотиви. Целта е зајакнување на позициите на Северна Македонија на меѓународен план, развивање на односите со соседите, заштита на националните интереси, окрупнување и здружување на сите прогресивни политички партии кои се за пристапување на државата во ЕУ, рече вечерва премиерот Димитар Ковачевски во рамки на 104. седница која продолжи со разрешувањата на заменик-министри.

Ковачевски напомена дека додека е премиер вратата ќе остане отворена за секој пратеник, политичка партија и поединец кој е за европска иднина.

Тој апелира до пратениците дебатата да биде поразлична од претходните и побара од нив конструктивна и ефикасна дискусија.    

-Оваа реконструкција на Владата е здружување и зацврстување на европскиот сојуз, не треба да има партиски предзнак, не е за партиски пребројувања, ниту за поделба на фотелји и директорски места. Дебатата овој пат нека биде поразлична од претходните дебати. Да ги заштитиме интересите на нашите граѓани, државните интереси и да бидеме единствени во тоа. Сега имаме шанса да покажеме дека иднината на државата е наша заедничка обврска. Сите имаме должност да градиме општество кое наликува на современите демократии за подобар живот на нашите граѓани. Мора да се залагаме за забрзан економски раст на државата и за нејзино етаблирање на глобалните пазари. 
Ни претстои голема работа. Одговорноста што ни ја доверија граѓаните не обврзува да продолжиме сите заедно уште поодговорно, да работиме на реформските процеси во државата. Треба да изградиме меѓусебна доверба, мора да бидеме одговорни и сериозни, да имаме доверба во сопствената иднина, потенцира Ковачевски.

Расправата за разрешувањето на замениците-министри ќе продолжи утре во 14 часот зашто, како што истакна претседателот на Собранието Талат Џафери, претходно ќе се одржи седница на Владата, прва со новиот состав.

За точката за разрешување на замениците-министри се пријавени 40 пратеници. 

Лога, Меџити и Алиу се од редовите на Алијанса за Албанците, додека Шукова е предложена од СДСМ. Лога доаѓа на местото на Никола Тупанчевски, ресор со кој досега раководеше СДСМ, Меџити на ме

Претходно, вечерва, пратениците ги избраа четирите нови министри - Кренар Лога за правда, Фатмир Меџити за здравство, Азир Алиу за информатичко општество и администрација, како и Каја Шукова за животна средина и просторно планирање. мч/сст/

 

Остани поврзан