• четврток, 26 декември 2024

Собранието работи по точките од дневниот ред на 19. седница, ако има услови ќе ја продолжи и закажаната 20. седница

Собранието работи по точките од дневниот ред на 19. седница, ако има услови ќе ја продолжи и закажаната 20. седница
Скопје, 24 декември 2020 (МИА) - Собранието ја продолжи работата по точките од дневниот ред на 19 седница и по 18 часот. Пратениците расправаат по измените на Законот за инвалидски организации по скратена постапка. На продолжување на работата по 18 часот реагираа пратениците од опозицијата, со забелешка дека немале известување дека ќе се продолжии по 18 часот. Седницата беше прекината по 18.30 и закажана за 20 часот, но почна по 21.30 часот. Никола Мицевски координатор на ВМРО-ДПМНЕ процедурално побара од претседателот на Собарнието да одговори зошто немаат известување дека ќе се продолжи со работа по 18 часот и зошто, исто така, не биле информирани дека се одложува почетокот на продолжението закажано за 20 часот. Тој порача дека треба да има предвидливост во работењето на Собранието и однапред да се знае. Претседателот на Собранието Талат Џафери образложи дека со координаторите на пратеничките групи била договорена динамика на работа и оти овие седници требало да се одржат на 28 декември, а денеска да се одржат седници на комисиите за финансирање и буџет, и други комисии и да завршат, но оти во меѓувреме комисиите, а кои ги води опозицијата, наместо денеска биле свикани за 28 декември. Бидејќи, рече Џафери, не било испочитувано тоа што било договорено наместо на 28-ми решив овие две седници да бидат закажани денеска. Појасни дека уредно биле свикани, известувањето од службите е испратено во 9.00 часот и дека ќе се работи по 19-тата седница на која имало три точки, по што едната била повлечена, а откако ќе заврши оваа седница, доколку има услови ќе се продолжи по 20-тата седница. Никола Мицевски во процедурално побара од претседателот на Собранието да размисли да ја прекине седницата и да продолжат во нормална атмосфера оти, како што истакна, вечерва може само да изгубите. Според Џафери, нема потреба од никаква закана од тензија. - Што не е мирно, што е вознемирено.Свикав седница во нормални услови. Работевме на претходна точка, пријавените зборуваа најнормално, рече Џафери и додаде дека ќе се оди по редослед на оние што се пријавени по точките од 19. седница, која не е завршена, и ако има услови ќе се продолжи со наредната 20. седница. Пратениците расправаат по предложените измени на Законот за инвалидски организации по скратена постапка. скс/хс/

Остани поврзан