Собранието по паузата ќе ја почне расправата по Предлог-одлуката за прераспределба на буџетските средства
- Пауза побара координаторот на пратеничката група на СДСМ Оливер Спасовски, кој процедурално се јави за збор. Рече дека им е потребно уште малку време во однос на Предлог-одлуката која вчера била доставена до Собранието, а веќе денеска, како што нагласи, е ставена на пленарна седница.
Скопје, 5 декември 2025 (МИА) - Собранието по еден час пауза ќе ја почне расправата по Предлог-одлуката за прераспределба на средствата помеѓу буџетските корисници на централната власт и помеѓу фондовите.
Пауза побара координаторот на пратеничката група на СДСМ Оливер Спасовски, кој процедурално се јави за збор. Рече дека им е потребно уште малку време во однос на Предлог-одлуката која вчера била доставена до Собранието, а веќе денеска, како што нагласи, е ставена на пленарна седница.

-Имаме одлука за прераспределба на финансиските средства што вчера ја добивме, а денеска се закажа седницата веднаш. Имаме потреба од дополнително време, барам еден час пауза, истакна Спасовски.
Расправата по Предлог-одлуката за прераспределба на средствата помеѓу буџетските корисници на централната власт и помеѓу фондовите е во рамки на 74. седница. Како што се наведува во Предлог-одлуката, целта е соодветна реалокација на средствата помеѓу буџетските корисници со цел финансирање на приоритетните потреби на буџетските корисници во функција на подобрена реализација на Буџетот за 2025 година. мч/вг/
фото: принтскрин