• петок, 08 ноември 2024

Собранието за утре закажа седница на Комисијата за изборите и именувањата

Собранието за утре закажа седница на Комисијата за изборите и именувањата

Скопје, 3 јуни 2024 (МИА) - Собранието за утре на пладне закажа седница на Комисијата за изборите и именувањата.

Како што стои на собраниската веб-страна, на дневен ред на првата седница на оваа Комисија се Утврдувањето Предлог - одлука за избор на претседатели, заменици на претседателите, членови и нивни заменици на комисиите на Собранието на Република Северна Македонија, Разгледувањето барање од поранешниот претседател на Република Северна Македонија Стево Пендаровски, за мирување на правото на пензија по престанување на функцијата претседател на Република Северна Македонија и Разгледувањето на барања за остварување на плата по престанок на функцијата пратеник во Собранието на Република Северна Македонија.

За  изборот на претседателите и членовите на собраниската Законодавно правната комисија и на Комисијата за политички систем е разговарано и на денешната прва редовна координација на собранискиот спикер Африм Гаши со претставници на сите политчките партии во новиот собраниски состав. фф/аа/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан