• среда, 18 декември 2024

Соборен рекордот од пред 37 години на Костадинова во скок во височина

Соборен рекордот од пред 37 години на Костадинова во скок во височина

 

Париз, 7 јули 2024 (МИА) – Светската и европска шампионка Јарослава Махучих од Украина го собори светскиот рекорд во скок во височина во женска конкуренција кој 37 години го држеше Бугарката Стефка Костадинова.

Махучих (22) денеска на митингот од Дијамантската лига во Париз во првиот обид ја прескокна летвичката на височина од 210 сантиметри, што е за еден сантиметар подобар резултат од долговечниот рекорд на Костадинова.

Стефка Костадинова го постави претходниот рекорд од 209 сантиметри на Светското првенство во 1987 година во Рим.

Второто место во скок во височина во Париз го освои светската шампионка во сала Никола Олислагерс од Австралија со 201 сантиметар, а на третото место заврши Анџелина Топиќ од Србија со прескокнати 198 сантиметри. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан