• среда, 25 декември 2024

Снопче: ВМРО-ДПМНЕ заедно со ДУИ ги избра оние обвинители кои ги чуваат предметите во фиоки

Снопче: ВМРО-ДПМНЕ  заедно со ДУИ ги избра оние обвинители кои ги чуваат предметите во фиоки

12 јули 2023  

Ги имаме свежи, од бомбите, разбирливо затоа што со свои уши ги слушнавме, како ВМРО заедно со ДУИ, тоа е ДУИ заедно со ВМРО, за што господинот Стојановски ја обвинува ДУИ, ги избраа обвинителите и судиите. Знаеме како се избрани и токму тие обвинители и судии се сеуште на функција и токму тие обвинители ги чуваат во фиоки случаите на актуелниот градоначалник г-дин Рамиз Мерко во врска со корупцијата, за која господинот Стојановски го обвинува Рамиз Мерко дека Америка го ставила на црна листа, додека ние наводно не знаеме и бара одговорност. Се согласувам со заклучокот, но ВМРО заедно со ДУИ ги избра оние обвинители кои ги чуваат предметите во фиоки и сите се чудиме како Америка може да знае дека господинот Рамиз Мерко бил корумпиран додека ние не знаеме. Да биде иронијата уште поголема, премиерот Ковачевски во изјава е изненаден што ние внатре не знаеме дека Рамиз Мерко е корумпиран, додека Америка знае.

Халич Снопче, пратеник на АА

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: Принтскрин

Остани поврзан