• среда, 25 декември 2024

Снимка од дрон покажува масовна гробница во Њујорк на починати од Ковид-19

Снимка од дрон покажува масовна гробница во Њујорк на починати од Ковид-19
Вашингтон, 10 април 2020 (МИА) - Снимки од дрон покажуваат работници како закопуваат дрвени сандаци со лица починати од коронавирус во масовна гробница во Њујорк, јави денеска Би-би-си. Островот Харт е местото на снимките. Се гледаат работници во заштитни одела како редат дрвени ковчези во длабоки канали. Ковчезите се на починати луѓе без роднини, или од семејства кои не можеле да си дозволат погреб. Властите во Њујорк овој остров веќе 150 години го користат како место за закопување на мртви чии роднини не се јавиле, или пак од семејства кои неможат да платат погреб за нивните блиски. Во нормална ситуација, таму се закопуваат околу 25 лица неделно, но работата со закопувањата сега се зголемила од еден до пет денови во неделата – се закопуваат 24 мртви дневно, дознава Би-би-си. Сојузната држава Њујорк во моментов има најмногу случаи на коронавирус од која била друга светска држава. Моментално, во Њујорк има над 172 илјади случаи на заразеност и речиси 7.850 починати. -За градот ништо повеќе не е исто со оваа епидемија. Коронавирусот ги промени ритуалите поврзани со смртта. Њујоркчани се шокирани од тмурните сцени – амбулантите со врескави сирени поминуваат по празните улици, крај болниците виљушкари товараат вреќи со тела во камиони-ладилници, и сега се копаат големи канали на Островат Харт за нови масовни закопувања, наведува изданието. Гробиштата, оддалечени од градот и достапни само со брод, историски се познати како тажно место поради масовните закопувања без надгробни споменици, само непризнаени тела. Сега, во вонредни околности на Ковид-19, мртовечниците на можат да се справат со нив. Во последното деноноќие во Њујорк починале 777 болни лица, помалку од 799 умрени ден претходно. Гувернерот на Њујорк Ендру Куомо изјави дека зел „утеха“ од овој факт, како и од постојаното намалување на бројот на дневно примени болни во градските болници. -Ја исправаме кривата, но сеуште чувствуваме голема болка, изјави Куомо денеска на редовниот брифинг. кб/сд/

Остани поврзан