• сабота, 23 ноември 2024

Смртниот биланс од земјотресите во Сирија и Турција надмина 25 илјади лица

Смртниот биланс од земјотресите во Сирија и Турција надмина 25 илјади лица
Анкара, 11 февруари 2023 (МИА) -  Земјотресите со епицентар во Кахраманмарас беа трипати посилни и поразорни од претходната, најголемата катастрофа во 1999 година, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган при посетата на Дијарбекир, пренесува Анадолија.

Земјотресот окарактеризиран како „катастрофа на векот“ е почувствуван на површина од илјада километри, а, како што рече Ердоган, предизвикал уништување на површина од 500 километри.

Турските служби соопштија дека засега бројот на загинати во Турција изнесува 21.848 луѓе. Во соседна Сирија загинале уште 3.553 лица, со што вкупниот број на починати од земјотресите изнесува 25.401 човек. ссм/.

Остани поврзан